Училиштата и градинките со превентивни мерки против жолтицата

25.08.2014 17:21

Нема пролонгирање на почетокот на учебната година, велат од ресорното министерство. Остануваат препораките за превентивни мерки, поради епидемијата на Хепатит А. Во основното училиште „Кирил и Методиј“се вршат редовните дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

„Оваа година зато што е прогласена епидемија во училиштето поинтензивно се обрнува внимание на тоалетите, училниците и клупите, ги чистиме со посебни средства за дезинфекција“, рече Марина Василева, учителка во о.у. „Кирил и Методиј“.

Во градинките тврдат дека веќе ги преземаат мерките- повеќе се обрнува внимание децата темелно да ги мијат рацете, но и на зеленчукот и овошјето, а храната да се користи веднаш по подготвувањето.

„Зголемена мерка на претпазливост пред се е во одржувањето на секојдневната хигиена и миење на рацете на децата, кои се реализираат во присуство на воспитувач и неговател во дезинфекционен раствор“, рече Лидија Пецева, директорка на градинката „13 ноември“.

Како превенција од ширење на заразата, општина Карпош бара од родителите на децата, кои се запишуваат или, пак, кои отсуствуваат од градинките повеќе од недела дена, задолжително да достават потврда за направен брис од уста и нос.

Лука Андреев