Подметнат пожар во сервис за автомобили во Пинтија, снимен млад маж со качулка како ги пали возилата
Објавено видео – маж со качулка намерно предизвикува пожар во сервис за автомобили во Пинтија. За премиерот, ова е доказ дека постојат центри на моќ што сакаат да внесат страв и паника пред избори. Опозицијата не верува во сценарија...

Нема дилема дека пожарот во автосервисот во Пинтија е подметнат, маскирано лице преку прескокнало преку оградата.
Горан Стојановски е прв сосед на сервисот. Пред камерите раскажа како додека спиеле слушнале експлозии. Потоа, полициски службеници им тропнале на врата за да ги евакуираат. Црн чад се извивал над автосервисот.
Пожарот во полиција бил пријавен нешто пред 4 часот. Пожарникарите воделе двочасовна битка со огнот, интервенирале со осум возила. Превентивно била прекината и електричната енергија.
Крим – техника направи увид. Пожарот изгоре 20 автомобили, два објекти и еден магацин. Материјалната штета се проценува на над 200.000 евра. Но, повеќе загрижува обидот да се загрози безбедноста на граѓаните.
Александра Велинова
