Македонија

Подметнувањето пожари ќе се квалификува како тероризам

16.09.2025 18:59

Последниот подметнат пожар во Пинтија за премиерот Мицкоски е доказ дека постојат центри на моќ што се обидуваат да внесат страв и паника кај граѓаните пред избори. Додаде дека досега се идентификувани 20 лица за кои постои основано сомневање дека намерно предизвикале пожар. Во МВР состанок на највисоките структури...

Снимката од подметнувањето на пожарот во Пинтија е потврда на тезата дека пожарите не се случајни. Ова е уште еден доказ дека постојат центри на моќ кои преку координирано дејствување се обидуваат да внесат страв и паника кај граѓаните пред изборите-вели премиерот Христијан Мицкоски. Додаде дека досега се идентификувани 20 лица за кои постои основано сомневање дека намерно предизвикале пожар. Во МВР состанок на највисоките структури.

Во насока на трајно решение на проблемот Мицкоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, во најкраток можен рок ќе предложи законски измени на Кривичниот законик со кои ќе се бараа подметнувањето пожар да се квалификува како тероризам, но и затворска казна за фрлање ѓубре на недозволени места.

Освен законските измени, премиерот рече дека Министерството за животна средина испратило дописи до сите општини да ги расчистат дивите депонии и сметот да се одложува таму каде што му е местото.

Останува фактот дека изминативе денови речиси секојдневно на повеќе локалци во Скопје и околината избувнува пожар.

 

Марина Стојанова – Тонева