Липински за Македонија - земјата на Александар од каде што дошол и Рускиот јазик
15 кратки промотивни филмови со убавините на Македонија во холивудска продукција ќе се снимаат низ земјава. Ќе бидат обработени на пет странски јазици, а ќе се промовираат преку светските медиуми, социјалните мрежи и канал на Ју Тјуб.

Проектот го реализира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во соработка со две холивудски продукцентски компании. Во земјава веќе пристигна Перси Вон Липински, поранешен дипломат и наградуван новинар на Си Ен Ен , кој што во моментов работи во Универсал Студиос во Холивуд. Во Македонија е 24 часа, вели дека храната е неверојатна, луѓето се прекрасни, а знае и дека Рускиот јазик доаѓа од Македонија.
„Мојата сопруга е Русинка. Првата работа што ми ја кажа вчера на телефон беше “Македонија е многу историска земја и нашиот јазик доаѓа од Македонија. Затоа подобро земи да читаш и да учиш.” Кога ќе речеш Македонија тогаш имаш и многу приказни за раскажување. Се за Александар Македонски, за храната, сирењето, за јазикот, за прекрасните и уникатни музеи. Јас сум личност што сака да раскажува приказни, тоа е и мојата работа и навистина ми дадовте голем и добар материјал за да работам, овде во Македонија“, рече Перси Вон Липински од „Универзал студиос“.
Скопје, Охрид, Дојран, Берово се само дел од локациите од кои што не светот ќе му се презентираат македонските убавини, информира директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
„Снимањата ќе започнат од Скопје, Старата скопска чаршија, потоа убавините и околината на Скопје, како Матка, пештерата Врело. Понатаму продолжуваме во Јанче, Галичник, Лазарополе, породлжуваме кон Охридскиот бисер, градот Охрид, Галичица, Пелагонија, ќе ги псоетиме исклучителните места како Трескавец, Архангел Михаил, винскиот регион ќе биде исто така претставен, Дојран, Берово и други бројни локации“, рече Александар Џамбазовски, директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот.
Во двонеделната информациска турнеја низ Македонија на Липински ќе му се приклучи и филмскиот продуцент и добитник на Оскар, Филип Голдфајн како и продуцентот Тимоти Марлов кој што исто така е добитник на наградата од академијата. Запознавајќи ги нашите природни и историски убавини, ќе бараат и локации за снимање на голем холивудски филм.
Марија Котовска
