МВР
Приведен крадец во Струмица, следува соодветна пријава
16.09.2025 19:42
Вчера во 07:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Т.М.(46) од Струмица...

Вчера во 07:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Т.М.(46) од Струмица, информираат од МВР.
Тој се сомничи дека околу 03:30 часот во продажен објект на бул. „Маршал Тито“ во Струмица одзел пари од касата и го напуштил местото. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени предмети поврзани со извршеното дело.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
