Пожарите не се случајни, но има и системски пропусти-предупредуваат безбедносните експерти
Македонија со недели се бори со огнени стихии, кои избувнуваат на различни места во исто време. Екипите едвај постигнуваат да ги стават пожарите под контрола. Безбедносни експерти предупредуваат дека постојат индиции за организирана појава, но, има и системски пропусти …

Гореше на три депонии и склад за електронски отпад, а временскиот интервал е краток. Имаме две клучни информации што упатуваат дека овие пожари не се случајни, велат криминалистите. Мотивот на сторување на кривичното дело, за чиј интерес е, која е крајната цел што сака да се постигне, треба да го даде истрагата. Професорката Малиш-Саздовска вели, не можеме да го впери прстот во една институција, системски е пропустот.
Статистиките за еколошки криминал укажуваат дека од вкупниот број на поднесени кривични пријави во изминатите 10 години само една третина завршува во судските инстанци. Треба да се зајакне Јавното обвинителство.
Проблем е и корупцијата во животната средина, на вработени во државни органи и институции кои за пари ја злоупотребуваат својата функција, предупреди професорката.
Наташа Јанчиќ-Менковски
