Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди
17.09.2025 08:19
Претпладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер (над 60 km/h). Кон крајот на денот облачноста ќе се намали...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Претпладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер (над 60 km/h). Кон крајот на денот облачноста ќе се намали.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали.
