Трамп во дводневна државна посета во Британија
Трамп пристигна во Велика Британија во дводневна државна посета, со цел потпишување технолошки договор вреден милијарди долари, кој ќе ја потврди трансатлантската соработка и покрај разликите околу Украина и Блискиот Исток...

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Велика Британија во дводневна државна посета, со цел потпишување технолошки договор вреден милијарди долари, кој ќе ја потврди трансатлантската соработка и покрај разликите околу Украина и Блискиот Исток.
Договорот опфаќа партнерство во науката, нуклеарната енергија и одбранбената технологија. Пред утрешните разговори со премиерот Стармер, Трамп ќе се сретне со Кралот Чарлс во замокот Виндзор. Тој е првиот американски претседател поканет на втора државна посета на Велика Британија.
