Жестоки битки на руско-украинската граница

25.08.2014 17:47

Жестоки судири на руско - украинската граница откако десетина руски оклопни возила и тенкови влегле на украинска територија во близина на индустрискиот град Миропољ. Граничарите го запреле конвојот, но  дошло до престрелка. Портпаролот на украинските  безбедносни  сили ја потврди информацијата, рускиот министер за надворешни работи Лавров негираше.

„Не сум слушнал такво нешто, но неточни информации за инвазија често се јавуваат“, рече Сергеј Лавров. 

Воедно Лавров најави дека официјална Москва планира да испрати уште еден хуманитарен конвој во најзагрозените делови на Украина во наредните неколку дена.  

„Направивме добра работа. Доставивме храна и лекови. Мислам дека тоа многу помогна“, рече Сергеј Самојенко, возач.

Во меѓувреме продолжуваат жестоките судири во Доњецк и во Луганск. Медиумите јавуваат дека киев дејствува со најсовремени ракети што ги поседува. Руски медиуми јавуваат дека локалната полиција убила две жени снајперисти, а третата успеала да избега. Во близина на аеродромот се водат жестоки битки, а билансот на ранети и загинати постојано расте. Во една ваква ситуација, очите на јавноста се вперени кон Минск, таму утре Путин и Порошенко ќе бараат начин за мирно решавање на кризата.