Убиецот на Чарли Кирк соочен со смртна казна
Човекот кој изврши атентат врз конзервативниот активист Чарли Кирк на универзитетот во Јута се соочува со седум обвиненија, вклучувајќи и тешко убиство поради кое може да добие смртна казна доколку биде осуден-објавија обвинителите...

22-годишниот Тајлер Робинсон, човекот кој изврши атентат врз конзервативниот активист Чарли Кирк на универзитетот во Јута се соочува со седум обвиненија, вклучувајќи и тешко убиство поради кое може да добие смртна казна доколку биде осуден-објавија обвинителите. Робинсон се појави во судот преку видео врска од затворот.
Обвинителите велат дека неговата ДНК е пронајдена на чкрапалото на оружјето со кој е убиен Кирк.
„На 10 септември 2025 година, во округот Јута, обвинетиот, Тајлер Џејмс Робинсон свесно ја предизвикал смртта на Чарли Кирк. Обвинението за ова кривично дело може да доведе до смртна казна согласно Законот на Јута“, изјави судија Тони Граф – Окружен суд на округот Јута.
