МВР

На ГП Табановце приведен белгиски државјанин, кај него е пронајдена марихуана

17.09.2025 12:08

Полициски службеници го лишија од слобода С.М.(41) од Белгија. При гранична контрола и проверка, во неговиот личен багаж е пронајдена и одземена марихуана и семки од растението канабис...

Вчера во 11:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода С.М.(41) од Белгија. При гранична контрола и проверка, во неговиот личен багаж е пронајдена и одземена марихуана и семки од растението канабис.

Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.