Велес

Многу институции се вклучени во решавањето на семејното насилство, тешко е да се пронајде кој потфрлил

17.09.2025 13:37

Последните години влијанија врз семејното насилство имаат зависностите од дрога, алкохол, обложувалниците, коцкарниците, кредитите за брзи пари. значајно е да се препознаат првите знаци на семејно насилство за да се избегнат следните...

Многу институции се вклучени во проблемот со случаите на семејно насилство и тешко е да се констатира кој потфрлил во следењето на состојбата на жртвите. Ова го велат правниците, адвокатите, кои ги застапуваат жртвите на семејно насилство. Тоа е семејна постапка, поврзана со семејните односи, нарушените односите на партнерите, каде последните години влијанија имаат надворешните фактори. Дрога, зависност, алкохол, потоа брзи кредити, обложувалници, коцкарници, казина.

Секој случај од семејното насилство е различна животна приказна.

Сутинов, вели дека е значајно да се следи дали изречените мерки имаат влијание врз сторителот, но и длабок пристап со добра анализа. Едно прекршување на мерките, вели тој, повлекува второ, па следно и кругот се шири. Потребно е да се констатира дали има искрено каење или има омраза и намера да продолжи. Ако не може воспитно да се делува, тогаш треба да се изрекуваат други, поригорозни мерки. Жената е најчесто жртвата при семејното насилство, потоа се децата и има случаи со мажите. Но жртвите тешко го препознаваат почетокот на семејното насилство. Насилство не е само удирање физичко, во други форми, економско, емоционално, психичко, сексуално. Битно е да се препознаат првите знаци за рано да се открие и да се избегнат следните настани, велат психолозите.

Од Центарот за социјални работи во Велес, информираа дека минатата година имало вкупно 62 пријавени случаи со 68 жртви, сторители на семејно насилство 50 се мажи, 12 се жени. Преку годината во шалтер Центарот за жртви од семејно насилство во Велес лани имало сместено шест лица од кои пет биле жени и едно дете.

 

Петар Печков