Образование

Екстерно тестирање - казни и награди за наставниците

25.08.2014 18:07

Ланското екстерното тестирање на површина ги исфрли наставниците кои необјективно делеле оцени. Според ранг листата на министерството за образование, такви се 3600. Нема да почуствуваат на плата, туку од септември ќе добијат советодавна стручна помош од Бирото за развој на образованието. Но од годинешната екстерна проверка ќе има и решенијата за зголемување и намалување на платите. Списокот ќе биде објавен идниот месец.

„Листата која ќе биде објавена во втората недела на септември, за таа листа ќе има и наградени и казнети наставници, исто така и советодавни мерки и обуки од од советниците од Бирото за развој на образованието“, рече министерот за образование Абdилаќим Адеми.

Околу 3600 средношколци ги добија оценките од државната матура. Во августовскиот рок предметот мајчин јазик го положиле околу 900 ученици, а предметот странски јазик околу 1000 матуранти.

Најдоцна до денес учениците за државната матура може да поднесат приговор до државниот испитен центар. Годинава средношколците полагаа по новиот принцип, оdносно три екстерни и еден изборен предмет.

Според министерството, државната матура во августовскиот рок минала без проблеми.

Викторија Тодорвска