МВР

Приведено лице од струмичко, подметнал пожар на нива

17.09.2025 20:22

По целосно расчистување на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава...

Вчера на регионален пат помеѓу селата Сарај и Петралинци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.В.(59) од село Дабиле, струмичко, соопштија од МВР.

Тој се сомничи дека околу 19:00 часот подметнал пожар на арско ѓубре во нива помеѓу селата Дабиле и Петралинци, сопственост на В.С. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. С.В. е задржан во Полициската станица Струмица и во службен разговор го признал делото. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото изврши екипа на СВР Струмица.

По целосно расчистување на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.