Институционална координираност и построги казни за екоцид
Се е предвидено во законот за процесуирање на тешките дела против животната средина и природата. Фокусот да се стави на отпадите и нивното работење, бидејќи не може да се виновни вработените, а да не се нивните раководители...

Се е предвидено во законот за процесуирање на тешките дела против животната средина и природата. Се потфрла во откривањето на вистинските сторители на кривичните дела со кои се загрозува животната средина и тоа во време на развиена технологија, дронови, видео снимања, вели адвокатот Георгиев, кој бил вклучен во судењето за еден од најголемите и најдолготрајните пожари во земјава пред неколку години. Смета дека не е неопходно воведување дело, со кое потпалувањето пожари ќе се третира како тероризам, но не го исклучува.
Фокусот да се стави на отпадите и нивното работење, бидејќи не може да се виновни вработените, а да не се нивните раководители. Последните случаи со пожарите во Дрисла, Вардариште и во Трубарево само го потврдуваат тоа.
Лоша казнена политика и систем со многу слабости и преклопувања што некогаш само по себе создава нови ризици е проблемот според универзитетскиот професор по безбедност, Иванов. Вели потребна е реформа.
До сега во врска со делото „екоцид“ изречени биле 43 пресуди, но само во три е изречена казна затвор. Сите други се ослободителни, условни или се парични.
Фиљана Кока
