Свет

Вдовицата на Навални тврди дека лабораториски анализи покажале дека нејзиниот сопруг е отруен

17.09.2025 18:45

Од Кремљ велат дека не знаат ништо за коментарите на Јулија Навалнаја и истакнуваат дека дека резултатите од истрагата не можат да влијаат ниту на политичката ситуација ниту на украинските разговори.

Јулија Навалнаја, вдовицата на рускиот опозиционер Алексеј Навални, објави лабораториски тестови во кои се тврди дека нејзиниот сопруг бил отруен.

Од Кремљ велат дека не знаат ништо за коментарите на Јулија Навалнаја и истакнуваат дека дека резултатите од истрагата не можат да влијаат ниту на политичката ситуација ниту на украинските разговори.

Навални имаше 47 години кога ненадејно почина на 16 февруари 2024 во руска затворска колонија.