„Бизнис лидер“

Кадарот проблем за конкурентност на фирмите

17.09.2025 15:14

Годинава зголемен е бројот на новонастанати компании, има околу 8.000 нови правни субјекти. Но, бизнисот го затвориле речиси половина, покажува макроекономската анализа на македонското економско стопанство. Владата со пооптимистични ставови од реалниот сектор. Уверува, ќе има нови работни места, повисок животен стандард и раст на економијата…

Лани двојно зголемен бројот на отворени правни субјекти за разлика од оние што згаснале, не успеале да ја одржат продуктивноста, и да се справат со предизвиците за конкретноста на пазарот – покажува макроекономската анализа за македонското стопанство. Најмногу нови фирми има во трговијата и угостителство, почнуваат, но и брзо ги затвораат вратите.

Зголемен е бројот на новонастанати компании, околу 8.000 а бројот на згаснати е 4.000.

Компаниите последната деценија мака мачат со кадарот. Недостатокот на работна сила во Македонија допрва ќе се разгорува, по ситуациите со кои се соочува и Европа. Според анализата на македонскиот бизнис најсилен е растот во производството на возила. Интересен тренд е и „пост-ковид бумот“ во туризмот и угостителството – над 30 проценти раст за само две години. Бројки покажуваат дека економијата се пренасочува кон знаење, услуги и извоз, додека класичната индустрија забавува.

Владата, сепак, со пооптимистични ставови од реалниот сектор. Уверува, ќе има нови работни места, повисок животен стандард и раст на економијата.

Од трговијата доаѓаат 38 насто од сите приходи, но со најтесни маржи. ИТ секторот и индустриите базирани на знаење се иднината: тие имаат двоцифрени маржи и висок извозен потенцијал. Финансиската дисциплина е услов за раст: без подобра ликвидност, економијата ќе остане закочена.

Ана Јосифоска