Животна средина

Квалитетот на воздухот во Трубарево во рамки на дозволените граници

17.09.2025 15:41

Досегашните резултати од мерењата покажуваат дека сите просечни вредности за масена концентрација на PM₁₀ се движат во рамките на законски дозволените граници...

Министерството за животна средина и просторно планирање, преку податоците добиени од автоматските мерни станици на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, ја информира јавноста за состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух во населбата Трубарево.

Според добиените мерења за суспендираните честички со големина до 10 микрометри (PM₁₀):

просечната дневна концентрација во текот на вчерашниот ден изнесувала 19.7 µg/m³,

максималната измерена вредност достигнала 39 µg/m³,

моменталната концентрација изнесува 7.5 µg/m³.

Досегашните резултати од мерењата покажуваат дека сите просечни вредности за масена концентрација на PM₁₀ се движат во рамките на законски дозволените граници и досега не е регистрирано надминување на утврдените прагови.