Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК
Уставен нема да постапува по Правилникот на ДИК кој го олеснува учеството на граѓанските иницијативи на локалните избори. Оценија, законски е со најмалку два граѓански пописи кандидатура на локалните избори …

Уставниот суд донесе одлука да не отвори постапка за иницијативата на Светскиот македонски конгрес за повреда на Изборниот законик.
Мнозинството судии одлучија да не поведат постапка за Правилникот за регулирање на постапката за собирање потписи за поддршка на кандидатските листи поднесени од група избирачи за локалните избори 2025 година, донесен на 17 август годинава од Државната изборна комисија, иако во тој период сè уште течеле изборните рокови, а регулативата била во надлежност на законодавниот дом.
Изборниот законик со правната празнина создадена со нашата одлука, не го регулира прашањето за критериумот за потребните потписи, но во самиот изборен законик и натаму се одредбите според кои потписите во постапката за кандидирање ќе се собираат на начин кој го регулира ДИК со свој Правилник, посочи претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.
За оценувањето на уставноста и законитоста на Правилникот на ДИК влијае и фактот дека веќе изборите се распишани, а земјава е во изборен процес.
Дел од судиите реагираа и поради фактот што Правилникот не е објавен во Службен весник, што е спротивно на законот, а тие како Уставен суд не смеат да затворат очи пред нешто што е незаконито.
Марина Стојанова-Тонева
