Временска прогноза
Наутро ведро и посвежо, преку денот сончево
18.09.2025 08:05
Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 60 km/h)...

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.
Во Скопје, сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
