Македонија

Денес ќе се реализира манифестацијата Генерички обуки за административни службеници

18.09.2025 08:24

Според Министерството, овој настан ќе биде од големо значење за идниот прогрес на јавната администрација, нејзината продуктивност и подготвеност за актуелните предизвици...

Денеска под покровителство на Министерството за јавна администрација, ќе се реализира манифестацијата Генерички обуки за административни службеници – „Инвестицијата во административните службеници“, на која како клучни презентери се најавени премиерот Христијан Мицкоски и ресорниот министер Горан Минчев.

 

Свои сознанија и вештини ќе презентираат голем број домашни и странски стручњаци.