Убиен оперативец на Хезболах во напад со дрон
Израелските власти велат дека неговите активности го прекршуваат договорот со Либан...

Израел потврди дека во напад со беспилотно летало во Балбек е убиен Хусеин Шариф, висок оперативец на Хезболах, одговорен за снабдување со оружје и координирање напади врз Израел преку ќелии од Сирија. Израелските власти велат дека неговите активности го прекршуваат договорот со Либан. Истовремено, израелската војска продолжува со офанзивата во градот Газа додека колони Палестинци бегаат од насилствата.
„Издавањето наредби за раселување не ги ослободува страните во конфликтот од нивните одговорности за заштита на цивилите при спроведување на непријателствата. Илјадници луѓе продолжуваат да бегаат. Патиштата, како што можете да видите, се пренатрупани, луѓето се гладни, а децата се трауматизирани“, изјави Стефан Дужарик, портпарол на ОН.
Европската унија го изложи својот најстрог план досега за притисок врз Израел за да ја прекине војната во Газа, воведувајќи нови царини и санкции.
