Велика Бритијанија

Трамп на средба со Стармер

18.09.2025 09:46

Се очекува Вашингтон и Лондон да потпишат договор вреден милијарди долари за соработка во науката, нуклеарната енергија и одбранбената технологија...

Американскиот претседател Трамп на средба со британскиот премиер Стармер за време на дводневната државна посета на Велика Британија. Се очекува Вашингтон и Лондон да потпишат договор вреден милијарди долари за соработка во науката, нуклеарната енергија и одбранбената технологија. Синоќа Трамп беше гостин на Кралот Чарлс во замокот Виндзор. Тој истакна дека е горд што е првиот американски лидер и избран функционер што двапати бил поканет во официјална посета од британски монарх. Кралот Чарлс го пофали специјалното партнерство меѓу двете земји.

„Океанот можеби сè уште нè разделува, но нашите земји имаат најтесен однос во одбраната, безбедноста и разузнавањето досега. Работат заедно во поддршка на клучните дипломатски напори, меѓу кои, е и вашата лична посветеност за наоѓање решенија за некои од најнерешливите конфликти во светот со цел да се обезбеди мир“, изјави Кралот Чарлс III.

„Исклучителна привилегија е да бидам првиот американски претседател што е пречекан тука. И — ако размислите, тоа е многу значајно, ова е втора државна посета. Ова навистина е една од најголемите почести во мојот живот. Имам огромна почит кон вас и кон вашата земја“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Истовремено во Лондон протести против политиките на американскиот претседател.