Франција

Масовни протести, судири и апсења во Франција

18.09.2025 14:35

Масовни протести во Франција ја блокираа земјата. Главните синдикати штрајкуваат против владините мерки за штедење...

Масовни протести во Франција ја блокираа земјата. Главните синдикати штрајкуваат против владините мерки за штедење. Стотици илјади луѓе на 250 локации низ земјата. Најсилно погодени-јавниот превоз, образованието и здравството.

Пријавени судири со полицијата која ги спречува обидите за блокади, уапсени над 50 демонстранти. Надлежните велат-го поддржуваат уставното право за мирен протест, но нема да дозволат неред. Најавија бескомпромисен одговор на секој што ќе се обиде да направи хаос.

„Упатствата се, пред сè, да се заштитат демонстрантите кои сакаат да се изразат и мирно да го остварат ова уставно право. Ќе бидеме одговорни и ќе реагираме на секоја направена штета на имот или на луѓето. Ќе бидеме бескомпромисни“, истакна Бруно Рејто, министер за внатрешни работи на Франција.

„Целта е да се натера владата да го разбере тоа што треба да се разбере, а тоа е – да се врати куповната моќ на французите. Да ставиме крај на ова колективно казнување што им се наметнува. Но, очигледно, секој пат кога има насилство за време на протестите, ние оставаме впечаток дека бараме хаос, а всушност ѝ помагаме на владата да го презира ова движење“, изјави Оливие Форе • генерален секретар на Социјалистичката партија.

„Сите имаме барања. Проблемот е што тоа секогаш влијае на „обичните луѓе“. Ние сме оние што сме погодени кога има штрајкови, а не е владата“, вели Пол Бру, патник од Бове.