Фестивал на тенисот

25.08.2014 19:03

Њујорк ги отвора вратите за тенискиот свет! Денеска започнува Отвореното тениско првенство на САД. Во наредните две недели во Њујорк елитата ќе ја бие битката за четвртата  грен-слем титула во оваа година.По 128 имиња во машка и во женска конкуренција ќе се појават  на терените на „Флешинг медоу“, еден од најголемите тениски центри во светот. За жал, без  Шпанецот Рафаел Надал, кого повредата го оневозможува да ја брани титулата од 2013 година,  за разлика од Американката Серена Вилијамс која со ореолот на актуелна победничка ќе влезе во лов на шестата титула на Ју-Ес Опен.

Њујорк ги отвора вратите за тенискиот свет! Денеска започнува Отвореното тениско првенство на САД. Во наредните две недели во Њујорк елитата ќе ја бие битката за четвртата  грен-слем титула во оваа година.По 128 имиња во машка и во женска конкуренција ќе се појават  на терените на „Флешинг медоу“, еден од најголемите тениски центри во светот. За жал, без  Шпанецот Рафаел Надал, кого повредата го оневозможува да ја брани титулата од 2013 година,  за разлика од Американката Серена Вилијамс која со ореолот на актуелна победничка ќе влезе во лов на шестата титула на Ју-Ес Опен. Ова е натпреварувањето кое датира од предминатиот век од 1881 година. Во 1987 година  како последно, им се придружи на четирите грен-слем турнири: Вимблдон, Ролан Гарос и Австралија Опен. Годинешниов турнир достигна рекорден награден фонд од 38.351 770 американски долари. Тоа е зголемување за 11.7% во однос на минатата година. Победниците во поединечна конкуренција ќе бидат наградени со по 3 милиони долари.

За неколку часа ќе започнат првите мечеви.Неколку имаат голема привлечност. Французинот Жо-Вилфред Цонга во првото коло налета на Аргентинецот Монако. Швајцарецот Вавринка стартниот настап ќе го има против Чехот Весели, а Енди Мареј против Холанѓанецот Хасе.Вниманието го привлекува и дуелот меѓу Русинот Јужни и австралиското ново  „откритие“, Кириос.Светскиот играч број 1 Новак Ѓоковиќ првата проверка на подготвеноста ќе ја има против Аргентинецот Диего Швартцман, 79 –ти на АТП листата.

Серена Вилијамс во одбрана на титулата ќе влезе против сонародничката Таунзенд. Жрепката една на друга уште во првото коло ги насочи Србинките Јовановска и Јанковиќ. Италијанката Ерани ќе игра против Белгијката Флипкенс...Во очекување сме на почетокот на двонеделниот возбудлив тениски фестивал на кој за да се стане лауреат ќе бидат потребни седум победи!