Меси пред потпишување нов повеќегодишен договор со Интер Мајами
Иако во минатото се појавија шпекулации дека Меси би можел да премине во друг клуб или лига, и фудбалерот и Интер Мајами постојано нагласуваа дека сакаат да ја продолжат соработката и на теренот и надвор од него.

Ѕвездата на светскиот фудбал, Лионел Меси, е на чекор до продолжување на својата авантура во Интер Мајами. Според информации на „ЕСПН“, Аргентинецот и клубот од Мајами се во завршна фаза на преговори за нов повеќегодишен договор, а остануваат уште неколку детали пред формално да се финализира.
Иако во минатото се појавија шпекулации дека Меси би можел да премине во друг клуб или лига, и фудбалерот и Интер Мајами постојано нагласуваа дека сакаат да ја продолжат соработката и на теренот и надвор од него.
Сопственикот на клубот, Хорхе Мас, неодамна изјави дека Интер Мајами ќе стори сè за Меси да се чувствува удобно и да ја заврши кариерата во Флорида.
