Животна средина

Просечните концентрации на ПМ 10 честички во Трубарево во рамки на дозволените граници

18.09.2025 12:48

ПМ 10 честички на мерното место во зоната на Трубарево се во рамките на дозволените граници, информираат од Министерството за животна средина...

Просечните концентрации на ПМ 10 честички на мерното место во зоната на Трубарево се во рамките на дозволените граници, информираат од Министерството за животна средина.

Мерењата се извршени со автоматски систем-нефлометар кој овозможува реално време следење на концентрациите на честички во воздухот, со селекција на фракцијата ПМ 10. Просечна концентрација е 10.9 микрограми на метар кубен.

Максималната измерена вредност е 25,6 а моменталната вредност на честичките во воздухот е 16,5 микрограми. Ова значи дека просечните концентрации се во рамките на дозволените граници и не е евидентирано надминување на граничните вредности, велат од животна средина. Од таму додаваат дека министерството ќе продолжи со редовно информирање на јавноста и следење на состојбата со квалитетот на воздухот.