Граѓаните може да пријават случаи на загадување на средината, но често не препознаваат која форма треба да е опфатена
Граѓаните може да пријават случаи на загадување на средината, но често не препознаваат која форма треба да е опфатена. Освен пријавите, граѓаните ги користат и судовите. Домашните судови се прогласија за ненадлежни и по речиси 4 години правдата за право на чиста и здрава околина допатува во Стразбур...

Граѓаните знаат дека може да пријават случаи на загадување на средината, но често не препознаваат која форма на закана треба да е опфатена. Бројот 070 286 698 функционира, но и пријавата на веб страницата на Државниот инспекторат, вели директорката Гиновска.
Освен пријавите, граѓаните ги користат и судовите. Случајот со струшката депонија е допуштен во Судот за човекови права во Стразбур. Домашните судови се прогласија за ненадлежни и по речиси 4 години правдата за право на чиста и здрава околина допатува во Стразбур. Стразбур ќе утврдува дали македонските институции ги прекршиле конвенциски обврски за правото на пристап до суд, правото на приватен и семеен живот, правото на ефективен правен лек во случајот што македонското Здружение на млади правници го поведе против Министерството за животна средина, Општина Струга и комуналното претпријатие „Комунално“.
Скопјани беа изложени на постојано загадување на воздухот во зимските периоди, но последниов месец пожарите во депониите и отпадите Вардариште, Дрисла и Трубарево значително го загадија не само воздухот туку почвата и водата, со што станаа закана по животите на жителите. Експертите апелираат за нов систем на заштита, премиерот Мицкоски најави воведување на делото тероризам за потпалување, а правниците побараа примена на законите и откривање на вистинските сторители.
Фиљана Кока
