Не е се готово за кошаркарите!

25.08.2014 19:07

Славиме пласман на европското кошаркарско првенство и се надеваме дека не сме се израдувале пред време. Македонија има 4 победи и 1 пораз во групата Д, сигурна е на втората позиција во нашето друштво, но да не заборавиме дека на континенталниот собир наредната година ќе одат 6-те најдоброрангирани второпласирани селекции, од седум квалификациски групи.
 
Со очекуваниот и убедлив триумф против Данска во Скопје и се доближивме на Белгија на само 10 поени негатива во меѓусебната пресметка. Ние имаме +51, Белгијците имаат +61 и се сигурни патници на европското првенство, заедно со БиХ од групата А, Израел од групата Б и Летонија од групата Ф. Каква е нашата математика?
 
На табелата во групата на второпласирани селекции, на која што се одземаат бодовите и билансот од мечевите против најслабата селекција во секоја група, во нашиот случај од дуелите со Данска, на едно коло до крајот најдобра е Германија. Следуваат Грузија, Италија, Македонија, Исланд, Романија и за сега отпишаната Холандија.
 
Холанѓаните имаат -27, со скор 1/2. Ние имаме +11, со скор 2/1. Во случај на наш пораз во Скопје од елиминираната за пласман Белорусија и победа на Холандија против Црна Гора, со вкупна кош разлика од ови два меча што и оди во прилог на Холандија, патем и останатите второпласирани селекции да одиграат според нивните планови, може да се случи да останеме со празни раце.
 
Сите второпласирани селекции и три првопласирани, во моментов висат. Може многу лесно да се случи во последното коло да ја освоиме и првата позиција во нашата група, ако в среда од 20:30 ја демолираме Белорусија во СЦБТ и во живо на МТВ, а Белгија да нема ден против тоталниот аутсајдер Данска, па да загуби или да победи со слаба кош разлика.

Одговорот на најголемата загатка за нас, е јасен - Македонија да ја победи Белорусија, макар и минимално за 3 победи и 1 пораз на табелата на второпласирани, за сигурен пласман. Се што ќе дојде плус, ако дојде, е добредојдено.