Од МАПАС уверуваат - парите на граѓаните се сигурни, а пензиските друштва се контролираат на дневна основа
Во 2050 година во државава ќе има 1,5 милиони жители кои ќе му натежнат на првиот пензиски столб и ќе го направат неодржлив, велат познавачите. Апел да продолжат со реформите на вториот капитално финансиран столб, да се развива третиот. МАПАС со оценка, парите на граѓаните се сигурни...

Зголемувањето на старосната граница за пензионирање не е популарна мерка, бидејќи луѓето во Македонија живеат пократко од светскиот просек, па следствено на тоа и пократко ги користат пензиите, велат познавачите. Затоа, треба да се следат демографските трендови, а пензиските политики да се адаптираат на реалните проекции.
Од МАПАС уверуваат, парите на граѓаните се сигурни, а пензиските друштва се контролираат на дневна основа.
Од бруто платата, 18.8 насто се одлеваат за пензија. Од овие пари 12.8 проценти се трошат за исплата на актуелни пензии, додека 6 насто пензиските друштва ги инвестираат во финансиски инструменти, а остварениот принос се распределува на сметките на членовите.
Анита Димитријевска – Велковска
