Загадениот воздух најголем ризик за јавното здравје
Македонија е меѓу земјите со најголем број смртни случаи како последица на загадувањето на воздухот, велат странски експерти кои работеле на анализи на европско ниво...

Македонија е меѓу земјите во Европа со најголем број смртни случаи, како последица на загадениот воздух, споредено државите во ЕУ, велат експертите. Според нив, борбата против загадувањето е долг процес кој бара стратешки пристап, како и сериозни институционални мерки за решавање на проблемот.
Мора да се лоцираат изворите на загадување, и проблемот од некаде да почне да се решава. Статистики има во делот на здравството и животната средина, кои се клучни за подобрување на одржливи политики. Тие може да послужат во креирање на стратегии и начини како да се надминат проблемите со кои се соочуваме.
Светската здравствена организација, токму загадениот воздух го потенцира како еден од најголемите ризици за јавното здравје, посочувајќи дека глобално предизвикува околу 4,2 милиона предвремени смртни случаи секоја година.
Според Институтот за јавно здравје, од загаден воздух во Македонија годишно умираат околу 4.000 луѓе.
Борис Грујоски
