ДИК ги објави описите на избирачките места, започнува обуката на избирачките одбори
На 3.480 избирачки места ќе се гласа на претстојните локални избори на 19-ти октомври Државната изборна комисија на својата веб – страна ги објави описите, истата процедура треба да ја направат и локалните комисии. Од следната недела почнува обуката на членовите на избирачките одбори...

На 3.480 избирачки места ќе се гласа на претстојните локални избори на 19-ти октомври Државната изборна комисија на својата веб – страна ги објави описите, истата процедура треба да ја направат и локалните комисии.
Од следната недела почнува обуката на членовите на избирачките одбори. На седницата се донесени шест обрасци за работата на општинските изборни комисии. Членовите на комисијата ги прифатија барањата за набљудување на изборите и тоа за 24 лица од ОДИХР, како и за пет лица предложени од АГРО ЛИДЕР Кривогаштани.
Прифатени се 24 барања за изземање на членови на ОИК, а потоа беше извршен случаен избор. Изборната кампања почнува на 29 септември. Ќе се гласа за рекордни 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи на кандидати за советници на општините. Најголем број се за Скопје – 18 кандидати се во трка за прв човек на градот, а 20 листи има за членови на Советот.
Марина Стојанова-Тонева
