Европа

Протестите во Франција масовни, уапсени над 130 демонстранти

18.09.2025 21:24

Најсилно погодени- јавниот превоз, образованието и здравството. Пријавени судири со полицијата, уапсени над 130 демонстранти.

Масовни демонстрации ја тресат Франција. Главните синдикати излегоа на протест против претседателот Макрон и владините мерки за штедење.

Најсилно погодени- јавниот превоз, образованието и здравството. Пријавени судири со полицијата, уапсени над 130 демонстранти.

Надлежните велат- го поддржуваат уставното право за мирен протест, но нема да дозволат нереди.

Владата распореди околу 80 илјади полицајци за одржување на редот.