Македонија

Протест поради зачестените случаи на насилство врз жените

18.09.2025 19:52

„Јавно ги обжалуваме сите жени кои изминативе години беа убиени од свои партнери, бидејќи институциите ги игнорираа нивните повици за помош“- велат организаторите.

„Ниту една повеќе!“ Испратена силна порака на протестот пред Министерството за внатрешни работи и кај парк „Жена борец“, како одговор на континуираното насилство над жените и сè почестите фемициди.

„Јавно ги обжалуваме сите жени кои изминативе години беа убиени од свои партнери, бидејќи институциите ги игнорираа нивните повици за помош“- велат организаторите.

Насилниците се слободни, додека жените живеат во страв за своите животи. Велат - институциите потфрлија!