Временска прогноза

Наутро ведро и посвежо, преку денот сончево

19.09.2025 08:11

Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер...

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје, сончево, со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.