Животна средина

Резултатите за тешки метали во воздухот по пожарот во Трубарево, треба да бидат готови денеска

19.09.2025 08:36

Според последните анализи, просечните концентрации на ПМ 10 честички на мерното место во зоната на Трубарево се во рамките на дозволените граници, велат од Министерството за животна средина...

Денеска треба да бидат готови резултатите колку имало честички на тешки метали во воздухот по пожарот во Трубарево и што дишеле скопјани во саботата. Според последните анализи, просечните концентрации на ПМ 10 честички на мерното место во зоната на Трубарево се во рамките на дозволените граници, велат од Министерството за животна средина.

Просечна концентрација е 10, 9 микрограми на метар кубен, максималната вредност е 25,6 а моменталната присутност на честичките во воздухот е 16,5 микрограми, што значи дека просечните концентрации се во рамките на дозволените граници, велат од животна средина.