Зеленски: Путин подготвува две офанзиви наесен
Зеленски тврди дека е во тек контраофанзива операција на источниот фронт. Путин пак, објави дека 700 илјади руски војници се во првите борбени редови...

Војната во Украина продолжува со несмалено темпо. Зеленски тврди дека е во тек контраофанзива операција на источниот фронт. Путин пак, објави дека 700 илјади руски војници се во првите борбени редови.
„Русија мора да биде принудена на мир. Украина може да го стори тоа ако нашата армија има доволно сила и капацитети за долг дострел. Светот може да го стори ова заедно со нас – преку силни санкции и притисок против Русија“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Американскиот претседател на враќање од посетата во Лондон ги повтори повиците до европските земји и членките на НАТО да престанат да купуваат руска нафта. Трамп рече дека и британскиот премиер Стармер е согласен за тоа.
„Ние треба да ги правиме сите овие работи, а тие купуваат нафта од Русија. Тоа не е добро. Тоа е скоро се за што разговаравме, но тој исто така се согласува дека тие мора да престанат да купуваат нафта од Русија. Тој би вовел санкции, да. И тој не е еден од виновниците во однос на нафтата“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Во меѓувреме, Украина од Русија презеде тела на над 1.000 убиени војници. Размената на тела на војници и воени заробеници е единствениот резултат од преговорите меѓу Москва и Киев во повеќе од три и пол години од почетокот на војната.
