Трансфери

И на хартија Балотели во Ливерпул, Ди Марија на лекарски прегледи!

25.08.2014 21:12

Дополнителен квалитет и возбуда во англиската Премиер лига, којашто важи за најатрактивна, ќе донесат две нови големи ѕвезди. Италијанецот, Марио Балотели и дефинитивно потпиша тригодишен договор со Ливерпул и призна дека згрешил кога ја напуштил Англија и заминал во Милан. „Црвените“ на „росонерите“ ќе им платат 16,5 милиони фунти

До крајот на денот се очекува Анхел Ди Марија да ги мине лекарските прегледи, како последен услов за комплетирање на трансферот од Реал Мадрид во Манчестер Јунајтед. Клубот од Олд Трафорд се согласил да го обештети „кралскиот“ со 63,9 милиони фунти, што ќе го направат Аргентинецот најскап фудбалер кој реализирал трансфер во англиска екипа Претходниот рекорд од 50 милиони фунти беше на Шпанецот Фернандо Торес кога се селеше од Ливерпул во Челзи. Со неделна плата од 200 илјади фунти, Ди Марија ќе биде меѓу највредните фудбалери во Премиер лигата.