Франција

Нереди низ градовите во Франција, уапсени демонстранти

19.09.2025 11:00

Во Париз избувнаа судири меѓу полицијата и толпата која протестираше против владата на францускиот претседател Макрон. Уапсени се повеќе од 180 демонстранти, употребен солзавец...

Масовни демонстрации во Франција. Во Париз избувнаа судири меѓу полицијата и толпата која протестираше против владата на францускиот претседател Макрон. Уапсени се повеќе од 180 демонстранти, употребен солзавец.

Главните синдикати излегоа на протест против владините мерки за штедење. Најсилно погодени-јавниот превоз, образованието и здравството. Штрајковите имаат за цел да го зголемат притисокот врз новиот премиер кој е задолжен да обезбеди парламентарна поддршка за мерките за штедење што ги соборија неговите претходници.