МВР

Голема полициска акција во Берово, Пехчево и Делчево- приведени директор, началник и полицајци

19.09.2025 09:54

Според информациите се работи за разбивање на организирана криминална група која со години наназад вршела нелегална сеча на шуми, злоупотреба на службена положба, примање и давање поткуп, како и други тешки дела против животната средина.

Голема полициска акција од синоќа се спроведува во Берово, Пехчево и Делчево. Според информациите се работи за разбивање на организирана криминална група која со години наназад вршела нелегална сеча на шуми, злоупотреба на службена положба, примање и давање поткуп, како и други тешки дела против животната средина.

Според засега неофицијалните информации, меѓу приведените се и актуелен директор на „Македонски шуми“ и началник во полицијата, како и повеќе полициски службени лица и шумски полицајци.

Се сомничат дека систематски организирале нелегална сеча и транспорт на дрвна маса, која потоа преку коруптивни врски ја пласирале како легално исечена.

Од МВР најавија повеќе информации во текот на денот.