Се контролираат пестицидите во грозјето
26.08.2014 10:39
Нема вишок на пестициди во винското грозје. Иако третирањето на виновата лоза е зголемено, контролата не покажала нивни присуството над дозволеното.

Зголемената контрола на пестициди во винското грозје не покажала нивно присуство над дозволените граници. Кај сите земени мостри резултатите биле негативни.
Годинава лозарите беа принудени вообичаените 3 до 5 прскања да ги зголемат речиси двојно. Доколку се почитуваат упатствата и рокот, до бербата нема да има последици врз квалитетот на виното.
Пестициди можат да се користат само од дозволената листа за заштитни средства од болести и штетници.
Лозарите доколку сакаат да добијат субвенции мораат да водат евиденција кога и со што го прскале грозјето, а документацијата мора да ја чуваат.
