Култура

Изложба на ДЛУМ - „Цртеж, експериментален цртеж“ во КИЦ - Софија

19.09.2025 15:00

Друштвото на ликовни уметници на Македонија има за чест на оваа традиционална изложба „Цртеж, експериментален цртеж“ да претстави дела како во традиционална смисла, така цртежи кои претставуваат концепт и длабока рефлексија и отстапуваат од воспоставените норми...

Групната изложба на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) - „Цртеж, експериментален цртеж“ вечер ќе биде отворена во Културно - информативниот центар во Софија.

Учествуваат 42 ликовни уметници: Синиша Новески, Иво Пецов, Јасмина Главинче, Стефан Младеновски, Татјана Ристовска – Керакамика, Јана Јакимовска, Ана Ивановска, Ненад Тонкин, Ирена Паскали, Дејан Иванов – Маргуш, Дијана Томиќ-Радевска, Марина Цветановска-Мартиновска, Стефан Јакимовски – Стеф, Марија Сотировска-Богдановска, Марија Мицова-Гацова, Кирил Гегоски, Валентина Илијевска, Ристо Мијаковски, Љубица Мешкова-Солак, Гоце Божурски, Ивона Велковска, Страхил М. Петровски, Борче Богоевски, Трајче Чатмов, Ангел Димовски, Душан Георгиевски, Златко Глигоров, Ана Спасова, Христина Зафировска, Ацо Таневски, Стефан Анчевски, Филип Јовески, Јана Манева-Чупоска, Јовица Мијалковиќ, Шќипе Мехмети, Софија Грабулоска, Златко Хаџи Пецов, Анета Стојчевска, Драган Вреговски – Алпи, Марија Чепешиева, Слободан Милошески, Љупка Делева.

Друштвото на ликовни уметници на Македонија има за чест на оваа традиционална изложба „Цртеж, експериментален цртеж“ да претстави дела како во традиционална смисла, така цртежи кои претставуваат концепт и длабока рефлексија и отстапуваат од воспоставените норми. Линијата во претставените дела е вектор на истражување, способен да артикулира процес, време, отелотворување и субјективност. Оваа година во претставените дела, цртањето ги отвора новите простори со преиспитување на површината и трајноста на хартијата како фундамент на овој ликовен медиум. Уметниците презентираат цртање со нетрадиционални материјали – чад, конец, метална жица, силиконски лепак.... Во други дела уметниците истражуваат гест и процес, третирајќи го чинот на цртање како перформативен и на тој начин вклучен во секојдневната реалност, но не разбрана како илустрација, туку како размислување преку процесот, наведува проф. д-р Маја Рауник Кирков, претседател на Уметнички совет на ДЛУМ.