Халанд најбрз до 50 гола во Лигата на шампионите

19.09.2025 10:29

Норвешкиот напаѓач на Манчестер Сити синоќа против Наполи го постигна својот 50-ти погодок во најелитното европско клупско натпреварување...

Ерлинг Халанд испиша историја во Лигата на шампионите. Норвешкиот напаѓач на Манчестер Сити синоќа против Наполи го постигна својот 50-ти погодок во најелитното европско клупско натпреварување, и тоа на само 49 одиграни натпревари.

Со тоа Халанд стана фудбалерот кој најбрзо стигнал до бројката од 50 голови. За споредба, на Руд ван Нистелрој му беа потребни 62 меча, а на Лионел Меси 66.

Покрај тоа, Халанд го израмни и учинокот на легендарниот Тиери Анри, но сепак е далеку од апсолутниот рекордер Кристијано Роналдо, кој има 140 гола на 183 настапи во ЛШ.