Минчев ќе ја рационализира јавната администрација за 40 отсто
Партизацијата создаде преобемна и трома државна управа, признава министерот Минчев. Најави и широка јавна расправа за законските решенија и рационализација на јавната администрација за 40 отсто...

За приближување кон ЕУ е потребно за 40 проценти да се намалат буџетските корисници – министерот Минчев очекува тоа да се постигне преку кратења на управните и надзорниот одбори, усогласување на бројот на членови и спојување на институции. Партизацијата создаде преобемна и трома државна управа, признава Минчев.
Постојат многу предизвици за реформите на јавната администрација што не се прават само за членство во ЕУ, туку и за подобрување на функционирањето на државата. Администрацијата мора да биде професионална со познавања на правото и управувањето, посочи францускиот амбасадор.
Франција ќе и помага на академијата за администрација да стане професионална, непартиска и добро обучена.
Ирина Гелевска
