Средба на Путин и Порошенко за надминување на украинската криза
Рускиот претседател Владимир Путин денеска треба да се сретне со украинскиот колега Петро Порошенко на маргините на самит во Белорусија. Освен лидерите на земјите од регионот, таму ќе бидат присутни и претставници на Европската Унија меѓу кои и високиот претставник за надворешна политика Кетрин Ештон.
Непосредно пред средбите во Минск, украинскиот претседател телефонски разменил мислење со германската канцеларка Ангела Меркел за можностите за мирно решавање на конфликтот во Украина, соопштија од неговиот кабинет.

Мирот во Украина може да се постигне само преку широк национален дијалог што ги вклучува сите региони. Тој не може да биде нешто што едноставно ќе биде издиктирано од владата на победниците, порача шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за Дејли Телеграф, нагласувајќи дека со поддршка од Соединетите Американски Држави и од Европската Унија, Киев продолжува да ги игнорира бројните задолженија што една влада на национално единство треба да ги има.
Во меѓувреме украинските власти соопштија дека заробиле 10 руски падобранци во близина на Доњецк и дека кај нив било пронајдено оружје и лични документи. Москва пак демантира дека испраќа војнци и оружје на украинска територија.