Подобрување на велосипедската инфраструктура
Граѓанскиот сектор, институции и политички субјекти донесоа европски правилник за велосипедски патеки да се поттикне употребата на велосипеди во нашата држава. Во Скопје има 144 велосипедски патеки, целта е велат, бројката да се дуплира...

Во Скопје има 144 велосипедски патеки, но, бројката мора да се зголеми. Инфраструктурата мора да се подобри – освен на булеварите, на споредните улици нема услови за возење велосипед.
Работите треба да почне да се подобруваат со новиот Правилник за велосипедска инфраструктура, претставен на Европската недела на мобилност.
Со него се опфатени планирањето, проектирањето, изградбата и одржувањето на патеките. Надлежните со апел до пратениците да го усвојат документот за да почне неговата имплементација.
Во Скопје околу 5 проценти од населението користи велосипедски транспорт.
Александра Спировска
