Битола

Утре почнува 46. ИФФК „Браќа Манаки“

19.09.2025 17:05

Утре почнува 46. издание на фестивалот „Браќа Манаки“. Организаторите најавуваат уште едно возбудливо и квалитетно филмско фестивалско издание. Веќе се пристигнати многубројни странски гости...

Битола преполна со домашни и со странски гости. Бројни филмски работници, светски познати кинематографери, годинешни лауреати и добитници на наградата „Златна камера 300“ ќе бидат дел од 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Доксевски, директор на фестивалот најави квалитетна и богата програма.

Битолчани горди на тоа што првите сниматели на Балканот, браќата Јанаки и Милтон Манаки твореле и живееле во нивниот град. Новинарот и фотограф Петар Ставрев со гордост се сеќава на неговите современици.

Утре, фестивалот-амбасадор на македонскиот филм и култура пред светот ќе биде отворен со филмот „Мајки“ на Теона Стругар-Митевски, а по свечената церемонија на затворањето на истиот ќе биде прикажан филмот „Диџеј Ахмет“. Освен квалитетната филмска програма и овојпат ќе има мастер класи, обуки и работилници наменети за младите идни кинематографери и филмски работници од Македонија, а ќе ги водат светски познатите кинематографски имиња.

Ружица Ѓоршевска