Македонија

Пресудата за забрана стигнала ден по двојното убиство во Велес

19.09.2025 15:08

Основен суд Велс изрекол две мерки, Илија да не го напушта живеалиштето односно престојувалиштето, градот Скопје и забрана за приближување или воспоставување, одржување контакти или врски со Росица и нејзиниот претходен дечко И.Т. Илија на 15 септември, кога пресудата уште не била стигната и до неговиот бранител и до ОЈО Велес, ги прекршил двете забрани...

Од 10 април по барање на ОЈО Велес, Основен суд Велес изрекол две мерки, Илија да не го напушта живеалиштето односно престојувалиштето, градот Скопје и забрана за приближување или воспоставување, одржување контакти или врски со Росица и нејзиниот претходен дечко И.Т. Илија на 15 септември, кога пресудата уште не била стигната и до неговиот бранител и до ОЈО Велес, ги прекршил двете забрани, заминал за Велес и се приближил на поранешната девојка Росица. Од Основен суд Велес денес соопштија дека по барање на Центарот за социјални работи Велс биле изречени и дополнителни три мерки, кои во судска постапка станале правосилни.

„Забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство, забрана да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин комуницира со жртвата дирекно или индиректно и забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри до живеалиштето на жртвата. Изречени предложени мерки, ќе траат 6 месеци. Предметот е правосилен од 26 јуни годинава“, соопштија од Основен суд Велес.

Од Основен суд Велес дополнија дека во јуни месец примена е приватна кривична тужба од приватен тужител Илија С. од Скопје против обвинетите Росица и уште едно лице, дека сториле кривично дело Телесна повреда по која тужба е формиран предмет. Од СВР Велес ги објавија сите пријави и од Росица но и од Илија, поднесени до полицијата за кривично правни настани. Од Росица има седум, меѓу нив и пријава од 18 мај за запален автомобил „мицубиши“, сопственост нејзиниот татко, кој претходно на 17 мај бил украден од пред неговиот дом. По оваа пријава ОЈО Велес на 26 јуни годинава издало наредба до МВР за обезбедување докази од телефонската комуникација, како и четири наредби за обезбедување снимки од видеонадзор од различни локации во градот. По овие наредби МВР уште постапува.

Петар Печков