ТИРЗ

Инвестиција од 18 милиони долари - Украинската компанија „Енергија“ ќе гради фабрика во Бунарџик

26.08.2014 11:46

Станува збор за производство на високотехнолошки уреди за прочистување вода...

Украинската компанија ,,Енергија” од Киев  ќе инвестира во Технолошко индустриската развојна зона „Скопје 2“. Денеска се потпишани договорите за закуп на 8 хектари  земјиште и за инвестирање во зоната, а менаџментот на компанијата беше примен и од премиерот Никола Груевски и неговиот економски тим.

Компанијата “Енергија” ќе инвестира 18 милиони долари во Бунарџик што ќе овозможи креирање 150 работни места. Станува збор за производство на високотехнолошки уреди за  прочистување вода, кои од Македонија ќе се извезуваат на Блискиот Исток, во Африка и во Америка. Изградбата на фабриката, лоцирана до Ван Хул, почнува годинава, а производството во идната.

Годишниот извоз на фабриката во Бунарџик  се проценува дека ќе достигне  20 милиони евра.