Употребата на хемиски препарати и минерални ѓубрива ја загадуваат и почвата и воздухот
Земјоделството е еден од најголемите загадувачи на животната средина, покажуваат извештаи на Обединетите нации. Нашите агрономи предупредуваат дека употребата хемиски препарати и минерални ѓубрива и депонирањето на остатоците од земјоделското производство ја загадуваат и почвата и воздухот. Апелираат на доследна примена на Законот за фитофармација и контрола на отпадот...

Примена на агроеколошки мерки и поголема контрола на отпадот кој произлегува од земјоделството. Вака апелираат екологистите кои сметат дека земјоделците со својата активност вршат загадување на животната средина кое треба да се минимизира во иднина.
За ублажување на негативните последици од земјоделството врз животната средина треба доследна примена на Законот за фитофармација. Тој предвидува соодветно третирање на хемиските препарати во земјоделството и амбалажата која произлегува од нив, вели земјоделскиот агроном, Ивановски.
Последната студија покажа дека во Југоистокот околу 22 илјади тони растителен отпад завршува на депониите иако тој може да се искористи за други намени
Ване Трајков
